Дедо по име Питер Едвардс вложил 50 фунти во обложилница дека неговиот внук, кој тагаш имал 18 месеци, ќе заигра за репрезентацијата на Велс.
Сите помислиле дека тоа е глупост и фрлени пари, но, сепак, дедото ја предвидел иднината и заработил 125 илјади фунти.
Младиот играч на Ливерпул 16-годишниот Хари Вилсон во 87. минута дебитираше на мечот помеѓу Велс и Белгија, па со тоа му донесе фина сума на неговиот дедо.
-Многу бев нервозен бидејќи морав да чекам 86. Минути за да влезе во игра. Почнав да паничам, бидејќи мислев дека нема да влезе во игра поради тоа што веќе имаа направено две измени- рече гордиот дедо.
Младиот Вилсон со 16 години стана најмладиот играч во историјата кој заиграл за репрезентацијата на Велс, а рекордот досега го држеше Герет Бејл.
-Кога имаше 18 месеци ја бркаше топката по тепихот иако сеуште неможеше да оди. Отишов во Вилијам Хил во Врекшам да прашам дали можам да се обложам на тоа и тие ме поврзаа со Лондон- вели Едвардс како ја добил идејата за кладбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“