Почна постапката за екстрадиција на првоосомничениот во аферата “Машинопромет” Мирослав Шиповиќ. Виена и официјално потврди дека уапсеното лице на тамошниот аеродромот е Шиповиќ. Оттаму побарале информација дали е сѐ уште активна меѓународната потерница која Основинот суд Скопје 1 ја распиша по него.
Министерството за правда има рок од 40 дена да ја комплетира документацијата и да ја испрати до надлежните органи во Виена, со барање за екстрадиција потпишано од министерот за правда Блерим Беџети.
Шиповиќ, кој е претседател на Советот на Општина Центар за Нова ТВ нагласи дека нема намера да си поднесе оставка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.