Познатиот македонски музичар Влатко Стефановски го прифати предизвикот од младиот водител Жарко Димитриоски. Влатко и Жаре, еден на еден, и искуството победи. Музичарот покажа дека покрај гитарата е одличен и во прецизноста. Го совлада Жаре во баскет – на мини-кош со мини-топка… Четири од пет – одлична реализација на човекот што го знаеме по многу хитови, како со „Леб и сол“, така и по одвојувањето од оваа музичка група.
А Жаре се подготвува за ново издание на емисијата во која се соочува со своите гости – еден на еден.
Јас сум Жаре и сум различен од сите други шизици што скокаат по тебе, овој бенд е со луѓето од Пеперминт во него – вака звучи најавата на новата, петта по ред сезона од шоуто „Еден на Еден” со Жарко Димитриоски.
Стартува в недела навечер, во 20 часот, на ТВ „Алфа“, тамам по капење и вечера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)