| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Морална победа за Македонија

antonio-milososki-profil

Извештајот на Европската Комисија е петта морална победа на Македонија во однос на институционалните капацитети на земјата кои се докажани – изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.  Според него ова е уште еден пораз на кредибилитетот на политиката на проширувањето на ЕУ. Смета дека во декември речиси сигурно е дека ќе дојде и грчкото вето.

-Прашањето не е само дипломатско, туку за нашата земја е и внатрешно политичко прашање кое може да ја поедностави или услужни внатрешно политичката динамика во Македонија. Соседна Грција игра токму на таа карта со блокирање на ЕУ перспективите на Македонија да се создаде дополнителен притисок за усложнување на нашите внатрешни етнополитички состојби – рече Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top