| четврток, 6 декември 2018 |

Кондарко од лични причини се повлекува од ДИК

Boris-Kondarko-1

Претседателот на ДИК Борис Кондарко во својата матична партија СДСМ најави дека од лични причини ќе поднесе оставка од функцијата.

Од СДСМ не откриваат кои се причините поради кои Кондарко се одлучил за ваков потег. По извршените консултации, СДСМ ќе предложи нов кандидат за претседател на ДИК. Велат дека нема да дозволат да биде во застој  работата на Комисијата, објави Телма.

СДСМ потенцира дека иако формално правно ДИК е надлежна за прочистување на Избирачкиот список, тоа не може да се реализира бидејќи списокот се наоѓа во Државниот завод за статистика.

Бараат од Заводот да ги достават податоците од редовното годишно ажурирање на Избирачкиот список од јули 2013 година. Го повикуваат и МВР да даде одговор за издавањето на лични документи на повеќе лица на иста адреса.

СДСМ ќе продолжи да инсистира на прочистување на Избирачкиот список до следните избори, а во меѓувреме, Комисијата ги очекува списоците од Државниот завод за статистика за бројот на гласачи во Македонија по кои треба да одвива целата постапка за ажурирање и прочистување на гласачкиот список меѓу два изборни циклуса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top