-По петти пат Европската комисија ќе даде препорака за преговори за членство и навистина се надевам дека земјите-членки ќе ја сфатат сериозно нашата препорака, исто така се надевам дека Скопје ќе придонесе во создавањето околности кои овој пат ќе доведат до различна процедура од онаа што повторно и повторно ветува дека Советот ќе се наврати на овој проблем за време на следното претседателство.
Но, според мене, мислам дека прво Скопје треба да дејствува и да ја одреди цената на компромисот за ова прашање со името, за решението на прашањето во врска со името.
Исто така, сметам дека Скопје треба да ја одреди цената од неодењето напред, од непостигнувањето компромис, од тоа Комисијата следната година да расправа по шести пат во врска со ова бидејќи секое статус кво има своја цена. Нема да шпекулирам за политичките и домашните кризи кои ги видовме на 24 декември минатата година, кои се директно поврзани со тапкањето в место, треба да се движиме напред, губиме многу време. Граѓаните на Македонија губат многу време.
Договорот постигнат на први март е нешто што ме охрабрува да кажам дека доколку постои политичка волја, постои и излез од оваа ситуација. Се надевам дека Владата ќе се задржи на еден заостанат проблем, а тоа е да спроведе дијалог со новинарската асоцијација, исто така се надевам дека новинарската агенција ќе има конструктиван пристап кон тоа и ќе го претвори овој дијалог во заедничка шанса – вели еврокомесарот Штефан Филе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
АВМУ со втор извештај: Медиумите неизбалансирани за референдумот, силно наклонети кон кампањата „За“
-
Мора да бидеме примени со уставното име – рече, па се порече Фрчковски (ВИДЕО)
-
Пазарењето со идентитетот на МПЦ ќе донесе раскол: Пимен е за МПЦ, а за Тимотеј името ОА е прифатливо
-
„Независен весник“ дојде до извештајот на ЕК: Македонија ќе добие безусловна препорака за преговори