Ќе ги премолчат ли ФИФА и УЕФА грчките знамиња на стадионот во Јагодина, што домашните навивачи ги истакнаа за време на квалификацискиот натпревар меѓу Србија и Македонија? Реагираа ли и челниците на македонската фудбалска федерација за недозволеното според правилата на ФИФА и УЕФА, истакнување на знамиња на туѓа држава на спортски натпревар, што апсолутно е недозволено и секогаш се санкционира.
Засега од светската и европската куќа на фудбалот нема навестување за санкции кон српската фудбалска федерација, ниту пак што е најстрашно имаше акција во текот на мечот. За да се отстранат грчките знамиња и пароли на кои не им беше место на трибините на стадионот во Јагодина. УЕФА и ФИФА честопати презентираат дека нема еднаков аршин за сите свои членки. Инаку како да се протолкува ревносната акција за отстранување на македонското знаме во Гелзенкирхен, на дуелот меѓу Шалке 04 и ПАОК во натпревар што беше дел од Лигата на шампионите. Под јурисдикција на УЕФА. Вчерашниотмеч меѓу Србија и Македонија е под покровителство на ФИФА, организација каде важат истите правила како и кај УЕФА.
Можеби Грците се миленици на главните фудбалски федерации, па за нив може да се направи вистински хаос на трибините во Гелзенкирхен, за да се одземе едно знаме со симболите од Кутлеш.
Што се дузина грчки знамиња за едно македонско? Или аршинот е различен. За Грците акција, за Македонците молк. Навивачите на ПАОК биле изнервирани од нашето знаме на стадионот во Германија, па делегатот нареди акција на германската полиција. Ист обид и наредба да се тргнат знамињата на туѓа држава требаше да има и вчера во Јагодина. Поинаку не можат да ни објаснат дека сите земји членки имаат еднаков статус кај ФИФА и УЕФА.
А за срамот со исвиркувањето на македонската химна од трибините и повиците „цигани, цигани“, тоа веќе е горчлив проблем на домаќините и беден начин да се дочекаат гости со кои делеле добро и зло речиси половина век во заедничка држава, во поранешна Југославија. Гостопримство какво не заслужиле, ниту пак очекувале Македонците на патувањето кај соседот Србија.
За поразот од 1-5 немаме забелешки, тој е апсолутно заслужен и чист како солза, за се останато на потег се ФИФА, УЕФА и Србија. Македонија со право очекува реакција на двете водечки фудбалски организациии и казни според нивните правила и извинување од вчерашните домаќини за некоректниот однос на нивните навивачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија трет месец со ред 68. на ФИФА ранг листата
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)