Двајца штипски деликвенти нападнале 30-годишник додека се возел по улица. Натепаниот завршил на штипската клиника со тешки повреди.
МВР јави дека вчера околу 1 часот Д.К (30) од Штип, управувајќи мопет по улица „Радански пат“ во Штип, бил физички нападнат од страна на непознати лица, од нападот Д.К. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клинички центар во Штип. По преземените мерки и активности приведени се И.М (20) и М.Н (19), двајцата од Штип, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Приведените лица ѝ се познати на службата и досега се пријавувани за сторени кривични дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.