| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена бензинската на „Макпетрол“ во Ѓорче Петров

makpetrol

Бензинска пумпа на „Макпетрол“ во скопската населба Ѓорче Петров синоќа била ограбена, соопшти МВР.
Маскиран и вооружен разбојник влегол околу еден часот по полноќ и на вработениот му се заканил по живот, доколку не му го даде дневниот промет од пумпата.
Арамијата зел 5.500 денари од касата и побегнал, а полицијата сè уште трага по него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top