| четврток, 6 декември 2018 |

Сведоштвата на Флоровски за следењата наредени од Фрчкоски

флоровскиАлександар Флоровски, поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, неодамна јавно, за телевизија „Алфа“ сведочеше за периодот од 1992 година до 1998 година е следен од тајните служби по налог на поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски, со знаење и претходно одобрени налози од поранешниот премиер Бранко Црвенковски.

Фрчкоски од Комисијата за лустрација е посочен како одговорен наредбодавец за следење на функционери на ВМРО-ДПМНЕ во тој период. Документите на ДБК за досието „Темел“ исчезнаа, а за Флоровски не постои досие. Сепак, тој се споменува во туѓи досиеја, како на Филип Петровски, каде бил заведен под псевдонимот „Паун“.Флоровски за тогашните служби важел за македонски врховист и националист и чиј автомобил во 1998 година бил цел на бомбашки напад.

Видеото со сведоштвото на александар Флоровски може да го погледнете тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top