| четврток, 6 декември 2018 |

Заев призна дека СДСМ го контролира претседателот на ДИК

заев голем

Лидерот на опозицијата Зоран Заев призна дека СДСМ го контролира првиот човек на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, откако во вчерашното интервју за „24 вести“ изјави дека во партијата се разговарало за оставка на Кондарко.

– Ако секој наивен верува дека претседателот ја има контролата во свои раце во ДИК, се лаже. Најверојатно и ќе даде оставка, ние веќе разговаравме за оваа работа поради тоа што ова веќе не е издржливо – изјави Заев.

Лидерот на опозицијата смета дека Кондарко нема вина во однос на забелешките за непрочистениот избирачки список и наместо опозицијата да докажува каде се пропустите, побара од власта да докаже дека списокот е во ред.

– Не може да носите вина. МВР го комплетира избирачкиот список. Го доставува како сурогат комплетиран до Заводот за статистика. Со кое мнозинство претседателот на ДИК ќе почне да го чешла, со кои ресурси, ако државата не му ги озвоможи ќе го чешла секој избирачки список. Како ќе го провери тој? Борис Кондарко? Нека му овозможат експеримент во две општини да види каде е разликата. На крајот, тие нека докажат, зар опозицијата треба да докажува? Нека ни докаже власта дека вкупниот број гласачи е тој. По тие и тие основи. Оваа разлика од 200.000 се токму тие. Нека ни појасни некој. Зар тоа треба опозицијата тоа да го прави – рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top