| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени Кинези со вреќа во која имало 3.700 монети по едно евро

Француската полиција уапсила двајца кинези кои сакале да платат хотелска сметка со монети од по едно евро. Сопственикот на хотелот во предградие на Париз повикал полиција кога кинезите втор ден по ред донеле 70 монети од по едно евро како би ја платиле сметката, плашејќи се дека парите се фалсификат. Полицијата во нивната соба пронашла вреќа во која имало 3700 монети од по едно евро за кое подоцна било утврдено дека не се фалсификат. Кинезите објасниле дека монетите ги откупиле од познаник кој тргува со автомобили довезени од Европа. Автомобилите детално се пребаруваат пред продажбата и во нив најчесто има монети од по едно евро, јавиле медиумите, додавајќи дека повеќе илјади автомобили се извезуваат од ЕУ во Кина секоја година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top