Животот на еден рибар заврши во водите на Тиквешкото езеро откако чамецот му се превртел додека местел мамци за риби. Според првичните информации, 56-годишниот Радо Т. утрово се удавил откако му се превртел и потонал чамецот, додека поставувал кафези во рибникот.
Трагичниот настан на Тиквешкото езеро се случил околу осум часот во рибник кај месноста викана Голеж на Тиквешкото Езеро. Телото на рибарот го забележале случајни минувачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


