| четврток, 6 декември 2018 |

По 56 дена поминати на море: Рибар преживеал со само два канистри од по пет литри вода

Рибарот од Филипини, Роналд Омонгос (21) е спасен во Папуа Нова Гвинеја, откако 56 дена минал на море, додека неговиот вујко починал, јавуваат медумите во таа земја.

Двајцата рибари тргнале од Генерал Сантос, во јужниот дел на Филипините, во јануари, но ги погодило невреме и како што јавува „Пост Куриер“ нивниот рибарски брод е забележан на 9 март.

Весникот, повикувајќи се на локалната полиција, нагласува дека двајцата рибари немале храна и оти Омонгос го чувал на бродот телото на починатиот вујко, се додека тоа не почнало да се распаѓа.

Омонгос преживеал со само два канистри од по пет литри вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top