По долгата пауза, најавувањето на албум и темата „Најважно од се“, Виктор Апостоловски во етер ја пушти својата прва балада.
– „Ми фалиш ти“, е тема за која дел од текстот беше напишан пред моето испаѓање од Македонскиот идол, а целосно беше изработена лани. Ја слушнаа неколку мои колеги продуценти, при што добив уште неколку понуди за соработка, но за жал или за среќа, неуспешни. Потоа, како што веќе знаете, ме ограбија, при што морав од почеток да ги работам сите композиции за конечно денес да ја завршам и да ја пуштам во етер. Кога прв пат ја почнав, раскажуваше како на едно момче му недостига девојката, но ми фалеше некаков развој, ми фалеше причина, ми фалеше нешто што ќе ја направи поинаква од сите други балади. Потоа испаднав од „Идол“, па ми се случија милион работи поради кои текстов го видов дури пред една година и токму тогаш го допишав она што ми фалеше и чуствувајќи ја, ја направив музиката. Мислам дека бадијала ќе се трудам да ви ги опишам чуствата со збор, затоа оддвојте 5 минути, слушнете и сами ќе ја почуствувате, вели Виктор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


