
Во текот на минатиот викенд, полицијата во Хрватска открила случај на недозволена трговија со луѓе, во кој жртвата е малолетничка од Македонија.
Како што објави index.hr, повикувајќи се на полицијата, малолетничката од Македонија била предмет на трговија со луѓе во март годинава кога 53-годишна државјанка на Македонија за неколку илјади евра им ја продала на двајца повозрасни хрватски државјани. Тие, пак, го принудиле девојчето да склучи брак со 21-годишен државјанин на Хрватска.
Девојчето веќе им било предадена на социјалните служби во Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


