Жежок пречек со мртовечки сандак им приредија симпатизерите на Костарика на мексиканците пред последниот дуел од квалификациите за настап на светското првенство во Бразил. Мечот ќе се игра во Сан Хозе, а иако Костарика го визира пасошот за Бразил, не е преголемо изненадување начинот на кој се дочекани гостите од Мексико.
Инциденти имаше на првиот меч што се играше во Мексико Сити, а сега е време за реванш. Темпераментот на луѓето што живеат во Средна и дел од Северна Америка, вклучувајќи ги и Карибите е жежок, а фудбалот е огромна страст. Во Хондурас, Ел Салвадор, Костарика, Мексико и дел од останатите земји, честопати во текот на квалификациските дуели температурата расте до точка на вриење и има инцидентни ситуации.
Ритуалите се посебен дел од приказната, па има ситуации кога на теренот од трибините се фрлаат и мртви животни. Нетрпеливоста меѓу дел од фудбалските соседи е голема, а ноќеска на Мексико ќе му гори под нозете. Со пораз од Костарика селекцијата што има огромен рејтинг во светот на фудбалот, Мексико може да испадне и да не игра на СП за првпат од 1990 година. Еден бод им е доволен за пласман во баражот и два дополнителни натпревари против Нов Зеланд за пласман на Мундијалот. Ако Мексико загуби од Костарика, а Панама ги победи САД, кои истотака веќе се пласирани, тогаш Панама ќе игра во бараж мечевите со Нов Зеланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)


