| четврток, 6 декември 2018 |

Удавен маж пронајден во рибник во Кавадарци

policijalenta

Телото на удавениот човек утрото го забележале жители на Кавадарци во рибникот во месноста викана Голеж, кавадаречко. Се претпоставува дека починатиот е на возраст од 50 години.

Откако го виделе телото, луѓето веднаш повикале брза помош и ја информирале полицијата.

Се очекува на местото на настанот да пристигне полициска екипа и да го утврди идентитетот на починатиот како и причините за смртта. Според првичните претпоставки, удавениот маж е на 50 – годишна возраст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top