| четврток, 6 декември 2018 |

Секс-скандал – Дачиќ и убавата косовска министерка Читаку

dacic

Српските медиуми пишуваат за секс-скандал откако на состаноците во Брисел српскиот премиер Ивица Дачиќ ја нарекол убавица косовската министерка за евроинтеграции, Вљора Читаку.

– Отпрвин на Читаку не ѝ пречеле комплиментите што ѝ ги давал Дачиќ, кои биле и коректни и наместо – наведува соговорник на порталот „Прес онлајн“, но чашата ја прелеал коментарот на Дачиќ кога ги запрашал членовите на косовската делегација каде е нивната убавица.

Од овој коментар се навредил Јонуз Муслиу, кој буквално побеснел и му се обратил на Дачиќ со зборовите:

– Кој си ти? Што си ти? Министер за внатрешни работи и премиер или Дон Жуан? На Косово има многу Албанци донжуани, не ѝ требаш ти.

Оваа епизода била доста непријатна, а Дачиќ на прекорот одговорил со насмевка.

Епилогот од овој секс-скандал, пишува „Прес“, е тоа што сега Читаку ги избегнува средбите со Дачиќ, а тој може да добие и забрана за посета на Косово бидејќи за случајот бил известен и косовскиот премиер Хашим Тачи.

Министерката Читаку на „Твитер“ излезе со порака:

– Дојде до забрана. Нема забрана за доаѓање српски политичари на Косово. Само му рековме НЕ на Дачиќ. Тоа е сѐ – напиша таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top