| четврток, 6 декември 2018 |

Се обидел да прошверцува 99.200 евра

Безбедносните служби спречија шверц од 99.200 евра на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Во неделата, на 13 октомври, патникот со иницијали О.М. се обидел да пренесе поголема сума девизи преку пунктот за преглед, но сигурносниот тим го спречил во намерата и го пријавил на царинските и на полициските службеници. При проверка на документите, утврдено е дека се работи за турски државјанин, кој поседува пасош од оваа држава, но и од соседна Србија. Тој требало да патува за Истанбул. Сумата од речиси 100.000 евра е пронајдена во рамки на процедурата за безбедносен преглед на патници и кабински багаж. Станува збор за редовна контрола во која вработените на „ТАВ Македонија“ проверуваат дали патниците во себе имаат предмети кои не се дозволени за изнесување во согласност со позитивните законски прописи. Лицето О.М. се обидело нелегално да ги изнесе парите од земјата без претходно да ги пријави. Задржан е и не му е дозволено да продолжи со патувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top