| четврток, 6 декември 2018 |

Видео: Закатанчена невиност

Мексиканската полиција во Веракруз уапсила 49-годишен маж кој на својата девојка ѝ ставил катанец на фармерките за да ја осигура нејзината верност. Неименуваната девојка (25) ѝ се обратила на полицијата откако неколку часа не можела да оди во тоалет.
Девојката ја известила полицијата дека нејзиното момче така ја чува веќе неколку години, но се плашела да го пријави за да не ја остави.
Полицијата го уапсила мажот кој го отклучил катанецот, а откако преспал една вечер во затвор, ѝ се извинил на девојката и ѝ ветил дека нема веќе да ја заклучува. Феминистичките организации ја осудиле постапката на полицијата, која го пуштила на слобода насилникот и бараат тој да добие соодветна казна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top