
На страницата на „Фејсбук“ насловена како „Поддршка за Мирослав Шиповиќ“ преку соопштение беа повикани поддржувачите на протест пред Основниот суд Скопје 1 на пладне, кога се очекува претседавачот на Општина Центар, за кој во отсуство беше изречена мерка притвор за сомнителни криминали сторени во фирмата „Машинопромет“, да пристигне од аеродромот „Александар Македонски“.
Полицијата најави дека Шиповиќ ќе биде уапсен веднаш по пристигнувањето на аеродромот, односно по неговото враќање од САД, каде што тој беше во посета на неговиот син, по извшената операција.
Во повикот на „Фејсбук“ се вели: „Целта е да се собереме во што поголем број и дадеме силна порака дека Шипо е невин и дека треба се брани од слобода. Сите што можете смогнете сили и да дадеме поддршка во 12 час.
Да не дозволиме апсењето на неистомислениците да стане традиција. Денес Шипо утре може да биде секој од нас. Се гледаме“, се вели во повикот на поддржувачите на претседавачот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


