
Интерпол, како и повеќе други безедносни агенции, интензивно трагаат по Саманта Лутвеит, позната како „белата вдовица“, откако во запленетиот лаптоп биле откриени документи кои укажуваат дека таа би можела да испланира смртоносни напади.
Британски „Мирор“ пишува дека се верува оти Саманта стои зад шест терористички напади и дека нејзините потези во минатите две години покажале дека располага со голема сума пари, дека има пристап до оружје и дека знае да направи разорни експлозивни направи.
– Меѓународната заедница деноноќно работи за да ја лоцира и да ја фати. Но, животите на стотина луѓе се во опасност ако повторно биде во можност да нападне. Треба да се сопре пред да биде предоцна затоа што таа е закана за светот – вели неименуван извор за „Мирор“.

Од нејзиниот лаптоп, исто така, било утврдено дека таа често на интернет барала совети за шминкање и за диети поради што агентите стравуваат дека таа можеби планира да го промени својот изглед и дека се обидува да избега.
Интерпол издаде меѓународна потерница за 29-годишната Лутвеит под сомнение дека е поврзана со нападот во трговскиот центар во Кенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нападот во Амстердам е терористички чин: Сторителот и признал на полицијата
-
Крваво утро во Стокхолм: Експлозија во близина на метро станица, маж се бори за живот (видео)
-
Бомба во цевка одекнала на една од најпрометните автобуски станици во Њујорк: Уапсен еден осомничен, од јакната му виселе жици (фото – видео)
-
Постојано се зголемува бројот на загинати: Досега 235 загинати во терористичкиот напад во Египет


