| четврток, 6 декември 2018 |

Адријана Кеш: Пеам модерни рефрени, помина времето на „Билјана платно белеше“

adrijana acevska

Адријана Ацевска, која јавноста ја запозна преку песната „Кеш, кеш“, по којашто го доби и прекарот, вели дека пее модерни рефрени затоа што поминало времето на „Билјана платно белеше“. Таа за Вечер изјави дека воопшто не придава значење на лошите коментари и критики што ги добива од јавноста и од постарите колеги.

– Кој што сака може да зборува. Знам дека многу од постарите колеги коментираат дека тоа што ние од новата генерација фолкери го пееме е срамота, но навистина воопшто не придавам значење на нивното мислење. Ова сега се нови времиња, таквите рефрени продаваат и ние мора да ги следиме трендовите. Помина времето на „Билјана платно белеше“, тоа веќе не се пее – вели фолкерката.

Таа моментално престојува во Србија, каде што ќе гостува во една позната српска емисија и ќе промовира дел од песните што досега ги има испеано.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top