| четврток, 6 декември 2018 |

Фолк-пејачката Крстовска: Маж ми спие со студентка

silvana krstsovska

Фолк-пејачката Силвана Крстовска верува дека годините воопшто не се пречка да се оствари тоа што се сака.

– На времето се запишав на психологија во Скопје, но, како што вели народот, младост–лудост, и се откажав. Паузирав со школувањето сѐ досега кога вниманието ми го привлече владиниот проект наменет за повозрасни луѓе. На шега го прашав сопругот Игор дали сака да спие со студентка, а тој ме погледна збунето не знаејќи од каде ми дојде на ум такво нешто. Но, кога му раскажав за што станува збор и дека сакам да си ја пробам среќата и да добијам диплома, па макар и на оваа возраст, тој веднаш ме поддржа. Така, сега добив индекс, и официјално јас сум студентка – вели 35-годишната тетовка за Вест, додавајќи дека студиите воопшто нема да ѝ се одразат на кариерата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top