| четврток, 6 декември 2018 |

Србите наострени за реванш во Јагодина, ги пече поразот од Скопје (видео)

Српските репрезентативци Бранислав Ивановиќ и Александар Коларов истакнаа дека „орлите“ се подготвени за реванш против Македонија утре во Јагодина, во последниот меч од мундијалските квалификации за пат во Бразил. За жал, двете селекции одамна ги загубија шансите за настап на СП следната година, а за Србите се чини кобен беше токму поразот од 0-1 во Скопје. Ги пече несупехот од октомври лани кога Агим Ибраими од пенал им ги урна надежите за пат во Бразил. Од тој момент имаше огромни турбуленции во српскиот табор, но сега ситуацијата е поинаква. Македонија е во надолен тренд со формата и резултатите, имаме два квалификациски порази по ред, а утрешните наши домаќини на последните два дуели се непоразени. Во групата А најважното се знае, Белгија ќе учествува на СП, а Хрватска ќе игра бараж-дуели за пласман во Бразил.

Иако навидум ревијален, утрешниот натпревар во Јагодина им значи многу и на Србија и на Македонија. Домаќините со победа или реми сигурно ќе бидат третопласирани, а три бода за нас значат избегнување на последното место и подобар распоред во барабаните за следниот квалификациски циклус.

Натпреварот се игра утре од 20.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top