
Ретко кога не е искрен… Денеска пие вода, наместо шток. Вели искуството во овие 50 години му тежи… Смета дека лажат сите што велат дека популарноста им пречи. Сите уживаат во неа, но важно е дали до неа си стигнал по природен пат или некој ти ја подарил.
-Работата е како да останеш популарен. Јас сум пресреќен што успеав да останам популарен цели 40 години иако сега имам 50 години – вели тој.
Игор смета дека нема право на уште еден црвен картон:
-Не би сакал да се споредувам со големите уметници низ историјата, но Достоевски ги напишал најдобрите книги кога немал леб да јаде, Моцарт ги напишал совршените ноти пред самата смрт, во состојба на потполна агонија…Најубавите песни сум ги напишал во време кога во крвта сум имал повеќе забранети отколку природни нешта.
Вели боемштината ја учел од дедо му Петре.
-Знам дека за десет години да сум жив здрав, да сум сто процентно повлече во моето Слепче, сѐ уште ќе се раскажува дека ме бркаат рекетари, дилам дрога,скришно пијам… Луѓето ги делам на оние кои работат и оние кои јадат трици на интернет – додава тој.
За пијачката на последната буква од азбуката денеска гледа со презир и тага – со презир што успеал да му ги одземе најубавите години од животот, а со тага што имало незаборавни години, во оној романтичниот период од Драмски театар, кога седел на маса со бардовите на македонскиот театар.
-Никој од нив не беше пијаници, но беа боеми – вели тој.
За жените вели само сакаат да се сликаат со него. Смета дека се плашат… Грешка што не си го простил – што нема дете.
-Слабост ми се децата, уживам во нивно друштво, јас сум едно големо дете. Јас со нив правам муабет како со другари, затоа ме сакаат – коментира Игор.
Видео: Бекстејџ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


