Пред 45 години за прв пат еден атлетичар истрчал 100 метри за помалку од 10 секунди и тоа на официјалната трка. На 14 октомври 1968 година во Мексико во финалето на Олимписките игри ова му успеало на американскиот спринтер Џим Хајнс.
Времето било измерено електронски и рачно. Електронската стоперката покажала 9,90, а рачната 9,95. Тогаш повеќе се верувало на старата и рачна штоперка и затоа бил забележан светски рекорд од 9,95 секунди. Чисто електронско мерење на времето започнува и се воведува дури во 1977 година.
Интересно е тоа што Ханјс по овој успех бил избран како 6 избор на драфтот и со тоа станува професионален играч во американски фудбал. Одиграл само 10-ина натпревари затоа што буквално не знаел да игра американски фудбал и по една сезона се откажува и покрај тоа што тој бил доста брз. Подоцна работел на нафтени бушотини. Уште поинтересно е дека само еден бел човек во историјата на овој спорт може да се пофали дека на 100 метри истрчал под 10 секунди, а тоа се случи само пред три години, во јули 2010. Тоа беше Французинот Кристоф Леметр со време од 9,98.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


