Најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо посакува неговата репрезентација во баражот за Светското првенство да ја избегне Франција.
– Теоретски од сите потенцијални противници во баражот Франција е најсилна. Ако постои селекција која треба да се избегне тоа е француската, но не само поради квалитетот туку и од други причини кои не сакам да ги објаснувам затоа што ќе бидам казнет, изјави Роналдо алудирајќи на претседателот на УЕФА, Французинот Мишел Платини.
Португалија се наоѓа во групата Ф во која води Русија со 21 бод, три повеќе од португалската репрезентација.
Во последното коло Португалија е домаќин на Луксембург, додека Русите гостуваат кај Азербејџан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.