| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија на Дојранското езеро

Трагедијата се случила вчера околу 11:40 часот кога 59-годишниот скопјанец Благоја С. со својот пријател ловел риба на Дојранското Езеро.

Кога со кајчето се враќале назад, на Благоја при обидот да се симне од истото на брегот му се слошило по што починал.

Најверојатно причина за смртта е срцев удар, но по обдукцијата официјално ќе биде позната причината за настанување на смртта.

При извршениот увид на телото на починатиот не биле забележани траги на насилство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top