Неспособноста на грчките власти да прекинат со исплата на плати дури и на државни службеници осудени на доживотен затвор се најде меѓу главните теми на американскиот весник „Волстрит журнал“.
Весникот како пример го наведува убиство на грчки градоначалник во 2009 година, што го користи како силен аргумент дека Грција не може да ги исполни барањата за реално реформирање на државниот сектор и за отстранување на несоодветно вработените.
Осудениот на доживотен затвор за убиство државен службеник дури и добива плата од државата, пишува весникот „Волстрит журнал“.
Меѓународните кредитори, кои вршат оценка на исполнувањето на условите од двата спасувачки пакети од страна на грчките власти и можноста од доделување трет пакет помош, бараат државата да го реформира државниот сектор и да отпушти илјадници државни службеници.
Според весникот, случајот со градоначалникот покажува колку тешко ќе биде реализирано такво нешто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.