| четврток, 6 декември 2018 |

Франција протестира кај ФИФА

Францускиот фудбалски сојуз (ФФФ) упати протест до Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) поради системот на доделување привилегирано место во дополнителните квалификации за Светските првенства

francuska-federacija-500

Според ФФФ, проблемот е во тоа што Франција одигра два натпревара помалку бидејќи се наоѓа во група со пет репрезентации за разлика од останатите кои се во групи со шест селекции и поради тоа УЕФА-коефициентот ѝ е помал.

Најголемото незадоволство во ФФФ доаѓа од можните противници во сѐ поизвесниот бараж кој би го играла Франција. Потенцијални ривали ѝ се Португалија, Хрватска, Шведска, Грција.

Франција има теоретски шанси и за директен пласман на мундијалот во Бразил 2014, но, како што пишуваат француските медиуми, тоа би се случило доколку се случи чудо во последното коло во кое лидерот во И-групата Шпанија е домаќин на Грузија, а второпласираната Франција ја пречекува Финска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top