По мерката притвор за претседавачот на Советот на Центар, Мирослав Шиповиќ, за случајот „Машинопромет“, од СДСМ се сомневаат дека владејачката партија ќе изврши притисок врз следниот од листата на опозициската коалиција, кој треба да дојде наместо Шиповиќ во Советот и оти така ќе го загуби мнозинството во оваа Општина, пишува Дневник.
Соодносот во Советот на централното подрачје сега е 12:11 за коалицијата предводена од СДСМ, но од партијата на Заев не се сосема сигурни дека нивниот коалициски партнер, односно можниот советник од ВМРО-народна партија, Љупчо Медарски, кој е 13. на листата (и треба да го замени Шиповиќ ако биде уапсен), ќе остане на нивна страна и во иднина и оти нема да му се приклучи на ВМРО-ДПМНЕ во оваа Општина.
Според Законот за локалната самоуправа, мандатот на советникот му прекинува во повеќе случаи, со што на негово место доаѓа следниот од листата на коалицијата. Од „Бихаќска“, официјално, стојат зад ставот дека акциите на власта за откривање криминални дејствија на политичари се исклучително наменети за нивните членови, премолчувајќи ги случаите кога пред лицето на правдата беа изведени членови на ВМРО-ДПМНЕ или луѓе блиски до функционерите на владејачката партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)