| четврток, 6 декември 2018 |

Опозиција на протест: СДСМ ќе го пречека Шиповиќ – полицијата ќе го апси

sdsm naviva1

СДСМ ќе го дочека Мирослав Шиповиќ, кој најави враќање во Македонија во вторник, јави „Нова ТВ“.

Во Македонија го чека и полицијата поради потерницата распишана за него за случајот „Претседавач“. Ова е договорено на вечершната седница на највисоките партиски органи на СДСМ во проширен состав.

Покрај тоа, раководството на СДСМ вечерва договорило градоначалниците на СДСМ да го замрзнат учеството во ЗЕЛС, членовите на опозицијата да го прекинат учеството во работната група во Собранието што треба да го имплементира извештајот за настаните на 24 декември, а советниците на опозицијата да ја бојкотирата првата наредна седница на советите во сите општини во земјата.

Целта е да се изрази незадоволството и да се стави крај на политички монтираните случаи и партизираното судство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top