| четврток, 6 декември 2018 |

Пелистер подобар од Работнички, Металург веќе полуфиналист

Викендов се одиграа првите натпревари од четвртфиналето од купот на Македонија во фудбал.

Во првиот натправар денеска Пелистер со 1-0 го победи Работнички и со минимална предност ќе патува во Скопје на раваншот. Стрелец на голот беше Алтипармаковски во 25 минута од средбата.

Во Боговиње на вториот натправар се сретнаа домашната екипа Дрита и госите до Скопје Металург. Металург уште во првиот натправар си обезбеди висока прадност од три голови пред реваншот на својот стадион во Автокоманда. Стрелци за гостите беа Крстев во петтата минута и на двапати Марко Симоновски во 18 од пенал и 35 минута.

Екипите на Тетекс и Напредок се сретнаа на стадионот во Ѓорче Петров и одиграа мирољубиво без голови. Овој двомеч ќе се реши во реваншот во Кичево.

Вчера беше одигран и уште еден натправар од купот. Екипата на Брегалница на свој терен ја совлада Шкендија со 2-1. Поведоа гостите со голот на Неби Мустафи, но домаќините брзо се созедоа и уште во првиот дел направија целосен пресврт со головите на Здравков од пенал во 19 минута и две минути подоцна преку Велковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top