| четврток, 6 декември 2018 |

Крадени акумулатори и шахти најдени во откупни центри за старо железо

staro-zelezo

Со оглед на фактот дека на подрачјето на град Скопје во изминатите девет месеци е регистрирана зачестена појава на извршување тешки кражби во патнички и товарни моторни возила, пред се кражби на акумулатори, СВР Скопје, по претходно подготвен план, презела акциска контрола во регистрирани и нерегистрирани отпади на подрачјето на Скопје. Во акцијата биле опфатени девет откупни центри, за кои постојат оперативни сознанија дека откупуваат акумулатори и старо железо, без кантни белешки, без подтоци за лицата кои ги продаваат, со што откупувачите вршат кривично дело прикривање, предвидено и казниво по член 261 од КЗ на РМ. Во изведената акција, биле пронајдени и запленети 24 акумулатори, еден моторцикл и еден гусен оквир од шахта за атмосферска канализација.

– Акумулаторите се пронајдени во два отпади лоцирани на подрачјето на ПС од ОН Бит Пазар, каде сопствениците ги откупувале или без соодветна документација или од познати сторители на кривични дела. Моторциклот и гусениот оквир од шахта се пронајдени во два отпади лоцирани на подрачјето на ПС од ОН „Гази Баба“, каде од извршениот увид во документација е констатирано дека сопствениците воделе уредна документација, но и дека одредени лица во повеќе наврати продавале поголеми количини на акумулатори и бакар, а не се регитрирани сторители на кривични дела, за што ќе следат оперативни проверки на лицата и доколку се утврди дека пронајдените предмети се предмет на кривично дело, ќе следат соодветни поднесоци – велат од МВР.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top