најдобриот тенисер на сите времиња Рожер Федерер ја прекина триипол годишната соработка со својот тренер Пол Анакон. Швајцарецот ова го објави на својата официјална интернет страница по раната елиминација од мастерс турнирот во Шангај во осминафиналето.
– Кога ја започнавме соработката со договор од три години се договоривме да освојам еден Грен слем трофеј и да се вратам на првото место на АТП листата. Тоа и го остваривме. Но, по долги разговори одлучивме да ја прекинеме соработката по триипол години. Пол е мој голем пријател и се радувам за нашата успешна соработка. Многу сум му благодарен – соопшти Федерер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


