| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ: Турнејата на Ахмети низ Европа ја врати Македонија на агендата на ЕУ

Artan Grubi

Дипломатската турнеја на Али Ахмети во Брисел и останатите европски метрополи ќе се рефлектира во добивањето позитивен извештај за Македонија, изјави Артан Груби, шеф на Кабинетот на лидерот на ДУИ, јави Алсат М.

Тој вели дека на многуте остварени средби успеало да се актуализира прашањето за името и Македонија повторно да се врати на европската агенда.

Од ДУИ најавуваат дека по празникот Курбан Бајрам во вторник, Ахмети за своите посети низ Западна Европа ќе го запознае и премиерот Груевски.

„Ние од извештајот од 16 октомври на Комисијата за проширување се надеваме на позитивен извештај особено со повторување на препораките за започнување на преговорите со ЕУ. Но, исто така се надеваме и дека периодот меѓу објавувањето на извештајот и самитот на ЕУ во декември ќе се искористи за постигнување прогрес во решавањето на прашањето за името. На тој начин се надеваме на директна помош и вклучување на земјите-членки на ЕУ, но истовремено и на институциите на ЕУ… Ние сме уверени од разговорите што ги имавме дека успеавме Македонија повторно да ја вратиме на европската агенда и на тој начин да ја одбраниме заедничката инвестиција на домашните и меѓународните претставници за мир, стабилност, безбедност и демократски вредности во Македонија“, изјави Груби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top