| четврток, 6 декември 2018 |

Срамен пораз на Металург во Лигата на шампионите

Renato-Vugrinec-3

Во третото коло од групата Ц од Лигата на шампионите во ракомет екипата на Металург високо беше поразена на гостувањето кај ракометниот гигант Барселона со 35-17. Клучниот дел од мечот беше во првото полувреме кога скопскиот тим не постигна гол цели 15 минути. Во овој период од натпреварот Барселона ја направи клучната предност од 12 голови. Едниствена светла точка во овој период беше голманот Дарко Станиќ со шест одбранети удари и колку толку не дозволи целосна катастрофа уште во воведот од мечот. Првиот гол за Металург го постигна Дејан Манасков дури во седмата минута од играта. Со серијата на Кире Лазаров Барселона дојде до високи девет голови разлика 13-4 во 22 минута од првото полувреме. По цели 15 минути посен период на металурзите дури во 29 минута Атман го постигна својот втор гол за на паузата меѓу полувремињата се замине со 12 гола разлика (17-5).

Во вториот дел тренерот Лино Червар ги повлече од игра своите надобри играчи и во текот на вториот дел и двата тима одиграа поопуштено. Замената за Дарко Станиќ на голот Мијатовиќ набрзина прими пет погодоци за помалку од 4 минути игра и се дојде до највисоките 15 голови разлика (22-7). Во 50 минута Барселона го достигна највисокото водство од 18 разлика (29-11). Во овој период од играта доминираше францускиот ас Никола Карабатиќ. Во последните 10 минути Металург направи серија и на крајот од натправарот резултатот гласеше 35-17.

Најефикасен на мечот беше македонскиот интеранационалец во дресот на Барселона Кире Лазаров со девет постигнати погодоци. Кај Металург се истакна Ренато Вугринец со шест голови. Во дресот на каталоцните сите играчи се запишаа во листата на стрелци.

Следниот натпревар екипата на Металург го игра на домашен терен во салата Борис Трајковски следниот викенд против екипата на Динамо Минск кој е клучен за борба за едно од четирите места од групата кои водат во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top