| четврток, 6 декември 2018 |

Полска го добива првиот трансексуалец во паламентот

Првиот трансексуалец во Европа во пратеничка клупа е Ана Гродска, која има големи шанси да стане и првиот трансексуалец на функцијата потпретседател на парламентот во Полска. За таа позиција таа беше номинирана од антиклрикална партија

31012013211647_transseksualecПотпретседателската функција во долниот дом на полскиот парламент остана празна, откако лидерот на партијата Јануш Паликот и наложи на својата колешка Ванда Новицка, да поднесе оставка.
Причина за оставката е дека таа не одбила посебна премија во вредност од десет илјади евра, која ги поделила на колегите од раководството а дел зела и за себе.
Веста дека во време на криза, кога секое трето дете во Полска се раѓа во беда, во семејство кое прима социјална помош, функционерите себеси си делат премии во вредност од десет илјади евра,предизвика скандал во Полска.
Под притисок на медиумите и гневот на граѓаните, функционерите се одрекоа од премијата во добротворни цели, а партијата ја повика Новицка да преземе одговорност.
Самата помисла дека на висока функција во полскиот парламент може да дојде маж кој го променил полот и станал жена, ја шокираше опозициската конзервативна партија, кои поднесоа предлог бројот на потпретседатели да се намали, за партијата која го предложи трансексуалецот да нема свој претставник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top