| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓани измислија машина за правење ајвар (видео)

Охриѓани се навистина иноватини. Една  домаќинска куќа во центарот на градот има измислено машина за пржење на  ајвар, објави порталот „Охрид нет“. Сомелените пиперки не ги мешаат рачно. Пржењето на ајварот го прави машина. На распаленото “ќумбе’ во лонецот има мешалка а неа ја врти мотор. Семејството кое го посети Охриднет вели машината ја измислиле и направиле сами, за да си го олеснат правењето на овој македонски специјалитет.

AJVAR

Машината е направена од обична машина за перење облека и работи на струја.

Еве погледнете го видеото, а бидејќи не е патентирано сите оние кои се разбираат од техника може да си ја направат за домашна употреба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top