Како што вети, по неодамнешната победа над Алаксандар Повјеткин, украинскиот боксер и апсолутен првак на светот во тешка категорија, Владимир Кличко се вери со својата долгогодишна девојка, американската катерка, Хајден Панетиер.
Тоа го потврдила и самата катерка во едно телевизиско шоу каде го покажала вереничкиот прстен. Таа не соопштила кога ќе биде свадбата, за која во Киев веќе одамна се подготвуваат нарекувајќи ја свадба на столетието. Според украинските медиуми Кличко веќе направил список за гости, а на менито ќе се понудат одбрани украински специјалитети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.