Првата инвестиција од фондот што го формираа организацијата „Македонија 2025“ и СЕАФ се очекува да се случи догодина, објави „Охрид њуз“. Ова беше најавено на Глобалниот инвестициски самит што денеска заврши во Охрид. Хуберт ванд дер Варт, извршен претседател и коосновач на СЕАФ истакна дека фондот има доволно средства за инвестиции. Според најавите фондот првично ќе тежи околу 15 милиони евра.
Претседавачот на самитот Зоран Мартиновски смета дека треба д се искористи висококвалификуваната работна сила која во последните две децении заминала во странство. Се претпоставува дека тој број изнесува 250.000 лица.

На вториот Глобален инвестициски самит во Охрид учествуваа 350 бизнисмени и менаџери од 20 земји во светот, кои одржаа голем број билатерални средби со македонски стопанственици.
Во рамки на пропратните активности на самитот се одржа хуманитарен концерт, кој го отвори градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. Пред присутните градоначалникот Бакрачески ги истакна убавините на космополитскиот Охрид препознаен како светско природно и културно богатство на листата на УНЕСКО.
Бакрачески оствари низа контакти со познати македонски бизнисмени во странство и накратко ги запозна со инвестиционата клима, потребата од економски развој на Охрид и зголемување на економските и финансиски перформанси, информираа од Локалната самоуправа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


