| четврток, 6 декември 2018 |

Папските медали повлечени: наместо „Исус“ пишува „Лисус“

Ватикан повлече од продажба 6.000 примероци од новиот папски медал откако утврдил дека на нив наместо „Jesus“, е напишано „Lesus“, објави порталот „МКД“.

Медалите и монетите на кои се прикажани папата Франциско и Исус Христос се исковани за продажба на колекционерите од целиот свет. Вакви предмети се изработуваат за секој нов папа и служат како извор на дополнителен приход за Ватикан.

Серијата со срамната грешка се паднала во италијански монети, од кои 200 медали биле произведени во злато, 3.000 во сребро и 3.000 во бронза.

На работ на медалјонот е втиснато личното мото на папата Франциско, фразата на латински: „Vidit ergo Jesus publicanum, et quia miserando atque eligendo vidit, ait illi, ‘Sequere ме’“ (Така Исус го виде собирачот на данок, и бидејќи го засака, го избра и му рече „Следи ме.“) Ватикан по грешка зборот „Jesus“ го напишал „Lesus“, пренесува британски „Телеграф“.

Кога била забележана грешката, Ватикан ги повлекол медалите, но четири од нив веќе им биле продадени на некои среќници, затоа што сега, иронично, нивната цена ќе се вивне до небо поради нивната реткост.

Гафот предизвика бура од шеги на социјалните мрежи. „Ајде да се молиме за Лисус“, вели еден саркастичен твит, додека друг тврди: „Јас мислам дека се криви лезуитите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top