Возач на камион од северот на Германија цели 30 години собирал метални парички, кои ги пакувал во пластични ќеси. Во неговата колекција има и марки и евра, но и фенинзи и центи.
Кога човекот починал во мај годинава, неговото семејство наследило над еден милион монети, со вкупна маса од два и пол тона.
Толкаво количество метал предизвикува повеќе проблеми отколку радости, но пред 15 години еврото ја замени марката како официјална валута во Германија, па благодарение на тоа, семејството ќе има и полза од дел од наследството
Натаму, паричките биле проследени до германската Централна банка, чии службеници мораа трпеливо и прецизно да ги избројат се до последниот цент. За пребројување на едно ќесе, бил потребен околу еден час, но за сите ќесиња биле потребни неколку месеци.
– Секоја монета мина низ моите прсти, но јас сакам тоа да го работам, па и не ми беше некој голем проблем, изјави Волфганг Кемерајт, еден од службениците.
Кога патрите биле издвоени и пребројани, станало јасно дека семејството на камионџијата наследило 16.000 германски марки, односно 8.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.