| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ ја условува работата на комисијата за 24.12 со стопирање на предметот „Претседавач“

sdsmПретседателот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека ќе го замрзнат учеството во работната група за спроведување на препораките од Извештајот за 24 декември, доколку продолжат апсењата за случајот „Претседавач“.

– СДСМ нема да молчи по новото притворање, а тоа е демонстрација на сила и само сеење страв кон граѓаните. Тврдат дека аферата е отворена пред три години, но името на предметот е „Претседавач“, а знаеме дека господинот Шипковиќ е претседавач само пет месеци на Советот на Општина Центар, со што се покажува каква е намерата на власта – рече Заев.

За в недела свикале седница на сите органи на партијата на која ќе донесат одлуки за нивното понатамошно дејствување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top