| четврток, 6 декември 2018 |

Отворен новиот објект на Обвинителството

obvinitelstvoПремиерот Никола Груевски ја пушти во употреба новата зграда на Обвинителството, објект во кој ќе бидат сместени Основното и Вишото јавно обвинителство Скопје и Јавното обвинителство на Република Македонија. Со проектот вреден 13 милиони евра, според премиерот, ќе се реши долгогодишниот проблем на овие институции.

– Со изградбата на зградата институциите кои ќе бидат сместени нема да плаќаат големи кирии за сместување во туѓи простории. Јавните обвинители како највисоки носители на јавната дејност нема повеќе да работат по двајца или тројца во иста канцеларија, а нуди современи и модерни услови за навремено и ефикасно водење на кривичната постапка, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top