| четврток, 6 декември 2018 |

Мартинез ќе продолжи да тренира, закрепна од повредата

havi-500

„Се мина добро, а рехабилитацијата се одвиваше по планот. Очекувам дека постепено ќе се вклучам на тренинзите и оти следната недела ќе се израдувам на „кам-бек“, вели Мартинез.

Шпанскиот фудбалски интернационалец за Баварците не настапул уште од 30-ти август, кога на програмата беше европскиот Суперкуп против Челзи. Тој тогаш го постигна изедначувачкиот погодок за 2:2.

Како што е познато, континенталниот и германски првак, во натпреварот славеше по изведувањето на пенали.

Фудбалерот од средниот ред уверува дека се се одвива според внимателно подготвен план, кој е направен за да се избегнат ненајавени ситуации.

Составот од „Алијанц“ арената води во вкупниот поредок на Бундеслигата по осум одиграни рунди. Како што е познато, минатата сеона ја освои Лигата на шампионите, домашното првенство и националниот куп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top