| четврток, 6 декември 2018 |

„Нова Македонија“: Пополнувачи на формулари за 50 денари

popolnuvaci---janevska-ilieЗа 50-100 денари, во зависност од тоа колку работа имаш или за колку ќе се договориш, добиваш услуга и поддршка. Ти ги пополнуваат формуларите, доаѓаат со тебе во првата фотокопирница, купуваат обрасци за уплата на пари, а потоа те упатуваат до најблиското место каде што можеш да го сториш тоа. Кога ќе се вратиш, за дополнителна сума може да чекаат ред наместо тебе за да се појавиш пред шалтерскиот работник. Така е пред скопската подрачна единица на Фондот за здравствено осигурување, пред МВР во МТВ, каде што се вадат лични карти и пасоши, пред Агенцијата за вработување, пред социјалните институции, пишува Нова Македонија.

Пред државните институции, каде што се прават долги редици за чекање за документи, десетици луѓе се нудат да ти ги пополнат формуларите, да те спроведат до шалтерот и да чекаат ред наместо тебе за пари. Оваа појава во последниве неколку години е сѐ по масовна и пoчеста што стана нова професија во сивата економија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top