Жителите на австриски Тирол останаа отсечени од струја и од железничкиот сообраќај заради снежни врнежи невообичаени за овој период од годината. Повеќе од 22.000 домаќинства во Тирол се без електрична енергија. Утрово во Зефелд, на 1.200 метри надморска висина измерена е снежна прекривка од 52 сантиметри, а по улиците на Инсбрук, на 500 метри надморска висина, има десет сантиметри снег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


